Home Актуелно Трамп го проследи протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО за ратификација до Сенатот

Трамп го проследи протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО за ратификација до Сенатот

Првиот човек на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО, пренесе во официјално соопштение Белата куќа.

Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека „Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата“.

Протоколот за членство на Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…