Трагедија во Тексас: Тригодишно девојче нашло наполнет пиштол дома и без да сака ја убило својата сестричка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тригодишно девојче пронашло наполнет пиштол во својот дом во Тексас и случајно ја застрелало својата четиригодишна сестра. Застреланото девојче починало на лице место, пренесува Си-би-ес.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалес изјави дека инцидентот се случил вчера околу 20 часот и дека девојчињата биле во спалната соба во станот во Хјустон каде што живееле со своите родители. Со нив живееле и други членови на семејството.

Девојчињата биле во спалната соба без родителски надзор, кога тригодишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало еден куршум кон својата сестра, рекол шерифот.

Откако го слушнале истрелот, родителите се упатиле кон спалната соба и го нашле четиригодишното девојче на подот. Девојчето починало на самото место. По инцидентот семејството веднаш повикало полиција и брза помош.

Окружното обвинителство на округот Харис по истрагата ќе одлучи дали некој од родителите или другите членови на семејството ќе се соочат со обвиненија. Истрагата сè уште е во прелиминарна фаза, рече шерифот.

„Кога детето ќе го загуби животот на овој начин, заедницата е засегната. Оваа трагедија е една од многуте што можеше да се избегне. Продолжуваме да испраќаме порака дека ова може да се спречи. Мора да бидете одговорен сопственик на пиштол и мора да го чувате на безбедно место. Тоа е повеќе од кажување на малите деца да не допираат пиштоли. Мораме да направиме малку повеќе. Има премногу вакви трагедии“, рекол шерифот Гонзалес, пренесува Си-би-ес.