И денеска ќе имаме топло време – од утре повторно заладување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И денеска, вторник, 14. март, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и дневна температура до 16 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 15, Дојран 18.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините и на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Дневните температури ќе се движат од 4 до 12 степени.