Home Актуелно Трагедија во српскиот рудник „Соко“: Во експлозија загинаа 8 рудари

Трагедија во српскиот рудник „Соко“: Во експлозија загинаа 8 рудари

Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан која се случи во рудникот Соко кај српскиот град Сокобања, објави министерството за рударство и енергетика.

Од болницата во Алексинац кажаа дека примиле 18-мина повредени рудари и дека не се во животна опасност, а уште двајца се згрижени во Ниш со повреди на градниот кош.

Директорот на рудникот, Драго Милинковиќ, изјави дека загинатите рудари се на возраст од 31 до 59 години. Експлозијата се случила во пет часот. Останатите рудари се извлечени од окното.

Во несреќата во истиот рудник во 1998 година загинаа 29 рудари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…