Трагедија во семејството на Тина Тарнер: Најстариот син изврши самоубиство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


TMZ пренесува дека најстариот син на популарната музичка дива Тина Тарнер извршил самоубиство во Лос Анџелес.

Крег Рејмонд Тарнер се застрелал во својот дом во Лос Анџелес. Полицијата стигнала во неговиот стан во квартот Студио Сити во вторникот попладне и после увидот бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Крег е роден кога Тина имаше само 18 години, пред да се омажи за Ајк Тарнер. Негов биолошки татко е саксофонистот Рејмонд Хил, кој во 1950-те години настапуваше и во бендот на Ајк, Kings of Rhythm.

78-годишната Тина Тарнер, која моментално живее во Швајцарија, трагичната вест ја прими во Париз, каде се наоѓа на патување деновиве.

Крег се занимаваше со недвижнини и имаше 59 години.