Home Актуелно ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се обеси во притворското одделение на затворот во Прилеп

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се обеси во притворското одделение на затворот во Прилеп

Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна.

Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник, објави ексклузивно порталот Досие.

Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28- годишна возраст, кое било во притвор осомничено за разбојништво.

-Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, Бил со неколкумина цимери во собата. Изутринава кога биле пуштени притворениците на прошетка во дворот, само момчето не излегло. Кога се вратиле цимерите го нашле обесен. Се обиделе да помогнат, но веќе било доцна, пишува порталот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…