Топла среда со температури до 23 степени


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 19 степени. Маврово 15, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 18, Берово 17, Кавадарци 20, Дојран 23.

Од утре до сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Промена на времето со повремени врнежи од дожд се очекува во недела и понеделник кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.