Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку сте во долга врска и се е супер, можеби е време да го зачините вашиот сексуален живот.
Секако, најважно во секоја врска е таа да биде искрена и исполнета со љубов… И секако секс. Да се разбереме, сексот е ГОЛЕМ дел од врската. Ако работите стануваат малку застарени и здодевни во спалната соба, одлучете сами која од овие пет секси играчки најмногу би одговарала на вас и на вашиот маж.
Вибрирачко јајце
Дали се плашиш од името? Нема потреба. Вибрирачко јајце, инаку познато како „bullet“ е едно од најдобрите работи што некогаш биле измислени. Можете да го користите со партнер или сами, има јајца со далечински управувач и оние без, доаѓаат во широк спектар на бои! Со вибрирачко јајце секој пат ви е загарантиран оргазам. Да, СЕКОЈ ПАТ.
Лисици
Најпознатата секс играчка досега, можеби дури и најстарата. Дали сакате да бидете доминантни или покорни? Секако многу интересна за користење, а апликацијата е разновидна. Лисици од пластика, метал, со или без клуч, крзно или не, забавата е загарантирана.
Лубриканти и масла
Посетете ја најблиската продавница за секс и ќе видите широк спектар на лубриканти и масла. Лубрикантите овозможуваат полесна пенетрација и поголемо уживање. Ги има во разни мириси и вкусови, бои, со грутки или без, не е важно. Најдете го оној кој најмногу ви одговара и забавувајте се.
Мини дилдо
Кога велиме „мини“, токму на тоа мислиме. Мал е и дискретен. Ништо не е пострашно од масивно дилдо – особено ако прв пат го користите. Одличен избор како прва играчка што треба да ја пробате со партнерот затоа што нема да побегнете врескајќи: „Бегај од мене!“, ќе уживаш.
Вибрирачки прстен на пенисот
Речиси можеме да те видиме како се намуртиш пред самото име. „За волја на Бога, што е ова?“. Не е толку страшно како што звучи. Не е тајна дека некои жени не можат да доживеат оргазам само преку секс (Не, не си единствената), и тука доаѓа вибрирачкиот прстен. Ја подобрува циркулацијата на вашиот партнер и во исто време прави ерекцијата да трае многу подолго. Сега веќе сте заинтересирани, нели? Прстенот може да се прилагоди за да ви го масира и клиторисот или неговите тестиси, не е важно задоволството е загарантирано.