Home Спорт ТОП 10 највредни фудбалери: Нејмар на врвот, го нема Роналдо!

ТОП 10 највредни фудбалери: Нејмар на врвот, го нема Роналдо!

Традиционално на почетокот на секоја година Институтот за спортска статистика (ЦИЕС) ја објавува листата на највредни фудбалери на планетата гледајќи девет најважни параметри.

Меѓу останатите параметри најважни се годините, формата, репрезентативното искуство и должината на договорот.

Како и што се очекуваше, на врвот на листата е најскапиот фудбалер на сите времиња, Нејмар чија вредност е проценета на 213 милиони евра!

Веднаш после него следуваат Лео Меси со 202 милиони евра и Хари Кејн со 194,7 милиони евра. Анализата е помалку чудна најмногу поради фактот што Кристиано Роналдо се наоѓа на дури 49-то место и негивата вредност е проценета на „само“ 80,4 милиони евра.

Во Топ 10 се уште Килијан Мбапе со 192,5 милиони, потоа Пауло Дибала (174,6), Деле Али (171,3), Кевин де Брујн (167,8), Ромелу Лукаку (164,8), Антоан Гризман (150) и Пол Погба (147,5).

Видете ја листата на 100-те највредни фудбалери на светот

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…