
Гардероба со освежувачки, лесни парчиња идеални за секојдневно стилизирање без напор.
Летото е пред врата, температурите растат, деновите се подолги – и сè повеќе чувствуваме потреба за лесни, воздушни комбинации. Во овој преоден период, добро осмислена „капсуларна“ гардероба со парчиња што се носат лесно, може да направи огромна разлика.
Креирањето на ваква гардероба не е само практично – туку и паметно решение. Фокусот е ставен на вечни модели во неутрални тонови, со освежувачки бои, лесни ткаенини и чисти кроеви кои се отпорни на трендовите. Клучот не е во претерување, туку во разновидност – парчиња што „работат“ за вас, нудејќи елеганција без напор.
НОВА КОЛЕКЦИЈА НА ТОМИ ХИЛФИГЕР ЗА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2025
Новата колекција за пролет/лето 2025 совршено го отелотворува опуштениот софистициран стил по кој брендот Томи Хилфигер е препознатлив. Станува збор за стилски водич за сезоната, заснован на лесни силуети, неутрални и интензивни тонови, карактеристични морнарски пруги, бели панталони и морска естетика – инспирирана од американскиот начин на живот.
Долгите фустани, класичните поло модели и „препи“ панталоните добиваат свежина преку модерни и воздухопропусни материјали. Колекцијата е лесна, модерна и возбудлива. Основни парчиња се ленените кошули, меки памучни маици, миди сукњи и лесни фустани кои овозможуваат разноврсно комбинирање. Тука се и вечните патики, плетени мјул сандали, сламени тоте чанти и качкети – детали што го заокружуваат летниот изглед.
Еден свилен шал или спортски шик акцент се доволни за секој стајлинг да добие карактер. Модниот момент бара од нас да го изразиме личниот стил преку едноставност, и токму тука новата колекција на Томи Хилфигер се наметнува како идеален сојузник за лето. Тајната е во квалитетот, удобноста и флексибилноста – трите важни елементи кои ќе ве следат низ целата сезона.
МОРСКА ИНСПИРАЦИЈА
Наутичката естетика – заштитен знак на Томи Хилфигер – се враќа во полн сјај. Пругести дезени во препознатливите црвено-бело-сини нијанси, свежи дезени, копчиња и ткаенини што се движат со телото внесуваат нова енергија во класичниот морнарски стил.
БЕЛИ ПАНТАЛОНИ – ЛЕТЕН КЛАСИК
Клучно парче кое секое лето се враќа – оваа сезона ги комбинираме со едноделен костим за капење како топ, рамни мјул сандали и „бакет“ шешир за елегантно опуштен изглед идеален за прошетка низ градот.
НОВО „ПРЕПИ“ ИЗДАНИЕ
Комбинирајте памучна миди сукња со поло маица и мокасини без чорапи или рамни сандали. Додајте тенок кожен појас и очила за сонце со ретро рамка за современ „препи“ изглед.
НАУТИЧКИ СТИЛ СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
За опуштен, но внимателно стилизиран изглед, изберете пругеста маица со висок џинс шорц и рамни сандали, а сè заокружете со голема плетена чанта – совршено за потег од плажа до град.
УТРИНСКА ПРОШЕТКА ВО ГРАДОТ
Летните фустани од лесни материјали тешко се надминливи. Идеални се како основа за додавање на плетена чанта или сандали. Минималистички, а впечатливо.
ЛЕТЕН ВЕЧЕРЕН ИЗЛЕЗ
За вистински влез во сезоната, плетените детали се задолжителни. Изберете долг фустан во класично црна боја и комбинирајте го со сандали со ремчиња и дискретен накит – за елегантен, но лесен изглед кој совршено прилега на летните настани.
Колекцијата на Томи Хилфигер за пролет/лето 2025 е достапна во продавниците на Томи Хилфигер и кај избрани дистрибутери.