Tom Tom: Решението на Huawei за мапите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Huawei активно работи на прилагодувањата и алтернативните решенија кон решавање на актуелните проблеми и ситуации во кои се најде компанијата откако доби забрана да ги користи сервисите на Google после санкциите од страна на САД кон овој технолошки гигант.

Најновиот потег во овој правец го најави портпаролот на компанијата TomTom Холандија.

Очигледно е дека Huawei и реномираната компанија за навигација веќе некое време имале веќе заклучен договор за партнерство.

Договорот кој долго време се чувал во тајност сега е обелоденет, но сепак уште нема конкретни детали за тоа што може да се очекува.

Може да се претпостави дека Huawei ќе го искористи растечкиот екосистем сервис на TomTom и врз него ќе заснова голем дел од независните апликации, платформи и податоци за мапи.

Треба да се напомене дека Huawei сѐ посериозно ги форсира своите платформи и cloud услуги, приближувајќи ги сѐ повеќе до она што го нуди Google.

Ова е посебно видливо во областа на паметните телефони, каде корисниците може да очекуваат уште повеќе решенија од Huawei во иднина.