Home Спорт Тој е новиот миленик на „Висенте Калдерон“ – прашање е зошто не му даваат да шутира пенал?

Тој е новиот миленик на „Висенте Калдерон“ – прашање е зошто не му даваат да шутира пенал?

Заборавениот напаѓач на Атлетико Мадрид, Алесио Черчи, можеби „извиси“ во последен момент да заигра во големото дерби против Реал пред неколку кола, бидејќи Диего Симеоне го врати на клупата после голот на Гризман во завршницата, но затоа дочека да влезе во игра во финишот на мечот со Осасуна минатиот викенд, кој Атлетико го доби со 3:0.

Малку фалеше Италијанецот да се запише и во листата на стрелците, а тоа сигурно ќе се случеше доколку соиграчите ги послушаа советите и скандирањата од публиката и капитенот Годин токму Черчи да изведе еден од досудените пенали. Но, тоа не се случи, бидејќи ниту Караско, а ни Томас Парти не сакаа да му ја препуштат топката, па космичката правда ги стигна инстантно бидејќи и двајцата ги промашија ударите од белата точка.

Сепак, Черчи со своите урнебесни реакции кои ги прави забавувајќи се како резервист стана нов миленик на навивачите на „Висенте Калдерон“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…