Home Спорт Тој е најбогатиот тинејџер во фудбалот, настапува за Лестер и го чека богатство од 20 милијарди долари

Тој е најбогатиот тинејџер во фудбалот, настапува за Лестер и го чека богатство од 20 милијарди долари

Овој тинејџер апсолутно нема никаква потреба да се занимава со сериозно играње фудбал, неговата иднина и тоа како е обезбедена.

Фалих Боликиах (19) е тинејџер кој е непознат на пошироката фудбалска јавноста. Овој фудбалер член е на англиски Лестер и се смета за еден од најбогатите фудбалери на денешницата, пишува Спортски.мк.

Тој е роден во Лос Анџелес и е внук на брунејскиот султан Хасанал Боликиах (71), а англиските медиуми наведуваат дека го очекува наследство вредно 20 милијарди долари.

https://twitter.com/sporx/status/709844311634944000

Но, според островските медиуми Фалих Боликиах не се оптеретува премногу со богатството и е целосно посветен на фудбалот. Неговото семејство со многубројните реализирани прокети дополнително му ја обезбедија иднината, а дека нема потреба да се грижи говори фактот што неговиот возен парк брои повеќе од 2.300 автомобили.

Со доаѓањето во Англија тој заигра за Челзи, а потоа и за Лестер во младинските категории. Се уште не го запиша своето деби за сениорскиот тим на „лисиците“. Во репрезентацијата на Брунеи тој е стандарден член и ја носи капитенската лента.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…