Тодоровски повеќе не е амбасадор во Прага бидејќи ја ангажирал сопругата Најчевска како аташе – тој и Османи со контрадикторни изјави за случајот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради евидентирање на нерегуларности во неговата работа, скратен е мандатот на македонскиот амбасадор во Прага Сашко Тодоровски и тој предвреме е вратен во Македонија.

Веста ја соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите. Тој кажа дека биле констатирани повеќе слабости во неговиот ангажман кои траеле со месеци.

„Има контатирано нерегуларности во функционирањето, има лажно претставуање на сопругата како културно аташе во Прага, не е испочитувана инструкција од страна на МНР ова е подолг процес во кој е спроведена процедура која трае повеќе месеци. “ – Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Наспроти ова, Тодоровски во изјава за Канал 5 демантира дека постоеле било какви нерегуларности во неговата работа. Оставката вели ја поднел своеволно и побарал да замине во пензија. Причините за да ја напушти функцијата вели се поради тоа што министерот Османи барал амбасадорите секојдневно лично да му испраќаат известувања за земјата во која се наоѓаат, но и тоа дека за Османи било неприфатливо неговата сопруга, универзитетската професорка Мирјана Најчевска, да биде како што вели слободен, но конструктивен критичар на власта.

-Османи откако стана министер побара ние како амбасадори да го известуваме него и само него, тоа е тотална приватизација и узурпација на позицијата, ако некој ги прекршил законите и уставот тоа е господинот Османи . Секој ден секој амбасадор треба да му праќа порака на Османи за нешто во неговата земја или организација на акредитација, што и како не е битно, но тоа е важно дека треба да биде порака на личниот телефон на министерот и само тој да биде известен за тоа прашање, што е спротивно на Устав и на закон, ние како дипломатска мрежа имаме начин за известување во кое ги известуваме и претседателот и премиерот се разбира и министерот.“- Сашко Тодоровски.

Тодоровски вели дека е точно дека ја назначил неговата сопруга да биде аташе, но не од областа на културата, туку од науката, од причина што Најчевска е универзитестки професор.

„Јас нејзе ја задолжив да биде научен аташе тоа е одлука на амбасадорот како ќе ги искористи ресурсите кои постојат во неговата околина а то значи дека сопругата на амбасадорот 10 насто од платата на амбасадорот да врши дипломатски задачи..- Сашко Тодоровски

Тодоровски беше именуван за амбасадор во Прага пред две години, а од 2001 до 2002 беше шеф на мисијата во Советот на Европа во Стразбур.