Home Актуелно Бугарскиот Централен државен архив објави фотографии од коските и саркофагот од Гоце Делчев

Бугарскиот Централен државен архив објави фотографии од коските и саркофагот од Гоце Делчев

Во интервју за БГНЕС, Евгениј Еков од бугарскиот Централен државен архив вели дека „глутница бугарски и македонски“ предавници ги предале моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, а човекот кој го предал саркофагот бил Бугарин кој во Скопје предал уште еден „стоотстотен Бугарин“.

Еков од архивот раскажува кои биле точно луѓето кои овозможиле да биде предаден саркофагот, меѓу кои Стефан Аврамов и Кимон Георгиев, од македонска и од бугарска страна, а посочува дека имало и мотивационо писмо упатено на шефот на делегацијата која ги пренесувала коските до владата на тогашна социјалистичка Македонија.

За него сите тие луѓе се Бугари или одродени Бугари. Тој ги едначи зборовите „предавање“(на моштите) и „предавство“.

Притоа, Државниот архив во Софија по 77 години одлучи да објави фотографии од черепот, коски од нозете и рацете на Делчев, како и делови од саркофагот. Овие фотографии биле причина за интервјуто со Еков.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…