„Титаник 3“: Катица Јанева има 2 часа да одлучи дали ќе ги изземе Фетаи и Бубевски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако судијката Марија Клетничка даде 40 минути пауза за одлучување по барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на специјалните јавни обвинители Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од случајот под ингеренција на СЈО, „Титаник 3“, Јанева има два часа (пауза дадена од судијката) за да одлучи дали ќе ги изземе Фетаи и Бубевски.

За барањето на изземање на Јанева, пак, судијката рече дека е неоснован. Барањата се на адвокатот Еленко Миланов според кој несогласувањата и тензиите меѓу обвинителите и Катица Јанева се причина за вакво барање.

Судијката појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган.

Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.