Home Шоубизнис „Ти си обична лицемерка“: Фановите гневни на Ема поради топлес фотката

„Ти си обична лицемерка“: Фановите гневни на Ема поради топлес фотката

Последната фотосесија на Ема Вотсон за Vanity Fair е далеку од сè што досега снимила 26-годишната актерка.

Таа е една од поповлечените холивудски актерки, а на последната фотосесија, Англичанката која моментално ја глуми Бела од „Убавицата и ѕверот“, се раслече во топлес издание.

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) on

На фотката која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, Вотсон позира со вкрстени раце, а на себе носи само болеро кое го сокрива она најнужното, минималистички.

На критичарите им смета тоа што, Ема, која тврди дека е феминистка по убедување, позира со голи гради.

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) on

„Мислев дека е феминистка. Зар не е доволно за неа што има облека врз себе и е успешна како пример за девојчињата кои го гледаат „Убавицата и ѕверот“, а сега сите ќе ја гледаат на насловна, како со рацете си ги крие интимните делови“, напиша една личност.

A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) on

Други истакнаа дека Ема јавно се бори против сексуализирање на жената, а самата позира на таков начин. Како што велат, тоа е лицемерно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …