Home Спорт Тежок удар за Ливерпул: Еве колку ќе паузира Кутињо!

Тежок удар за Ливерпул: Еве колку ќе паузира Кутињо!

Тежок удар за Ливерпул и Јирген Клоп, бидејќи најдобриот поединец Фелипе Кутињо може да биде надвор од терените за цели 3 месеци, пиушуват денес медиумите на Островот.

Бразилецот се повреди за време на натпреварот против Сандерленд и се наложи да му биде ставена лонгета уште на теренот, за да може да ја намали болката.

Првичните прогнози за состојбата на Бразилецот не се воопшто добри и се смета дека тој има кршење на метатарсалната коска на стапалото.

Очекувањата се денес Кутињо да ги помине медицинските прегледи и да стане јасно колку време ќе биде надвор од игра, но предвидувањата се дека ќе отсуствува околу 3 месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…