Спорт

Тевез станува најплатен играч во светот

Карлос Тевез откако се врати во Аргентина имаше неколку одлични понуди од европски гиганти, но тој ги одби сите и одлучи да остане во Бока Јуниорс.

Сепак, последната понуда која пристигна на негова адреса може да ги смени пановите на Тевез бидејќи доколку каже „ДА“ ќе стане најплатениот играч во светот.

Имено, кинески клуб му нуди 40 милиони евра за една сезона, со што Тевез ќе стане убедливо најплатениот фудбалер во светот. Како што пишува „Марка“ тој би заработувал 60% повеќе од Лео Меси.

Тевез е многу популарен во Азија, пред се поради неговите настапи во Манчестер Јунајтед и Сити, па поради тоа Кинезите се спремни да платат огромна сума на пари за него.

Сумата навистина делува лудо, но ако се земе во предвид колкави суми плаќаат Кинезите за многу помали ѕвезди од Карлос Тевез тогаш јасно е зошто се спремни да платат толку за славниот Аргентинец.

Advertisements
To Top