Home Актуелно Тетово како „Дивиот запад“: Познати идентитетите на тројцата повредени во престрелката

Тетово како „Дивиот запад“: Познати идентитетите на тројцата повредени во престрелката

По синоќешната оружена престрелка во Тетово, тројца повредени се наоѓаат во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Станува збор за 37-годишниот С.К., 36-годишниот С.К. и 49-годишниот М.А.

Првите двајца се примени со прострелни рани од пиштол во пределот на стомакот, а 49 годишниот М.А. имал рана од пиштол во пределот на главата.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, од местото на настанот пронајдени се пиштол марка „збројовка“ и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…