Home Шоубизнис Терсене „играч“ овој Хаким: Сакаше да му земе половина од богатството, ама остана „со прстот в уста“

Терсене „играч“ овој Хаким: Сакаше да му земе половина од богатството, ама остана „со прстот в уста“

Одбранбениот играч на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, ја остави сопругата Хиба Абук со празни раце и без алиментација, откако таа поднесе барање за развод поради обвиненијата за неверство.

Сопругата на фудбалерот на Мароко, Ашраф Хакими, не успева да добие ништо по барањето за развод поради тоа што славниот спортист целиот имот и финасии ги ставил на име на својата мајка.

Хиба на суд побарала крај на бракот и половина од стекнатиот имот за време на бракот со Хакими во спогодбата за развод, но судот открил дека фудбалерот нема имот на свое име.

Верувале или не, Хакими сиот имот го запишал на име на мајка си Сејди Мут, па на хартија нема „ништо“.

Кога 36 годишната Абук го изведе својот 24-годишен сопруг на суд, таа очекувала да добие еднаков дел од неговите 70 милиони евра по разделбата, но била информирана дека документите покажуваат дека целиот имот и припаѓа на неговата мајка.

Хакими, кој добива плата од ПСЖ од фантастични еден милион евра, почнал да се забавува со својата сопруга во 2018 година, кога тој имал само 19 години, а таа 31.

Сега дефанизивецот од Мароко е обвинет дека силувал жена што ја поканил во својот брачен дом кога неговата сопруга и семејството биле во Дубаи. Минатиот месец против мароканскиот ас беше покрената истрага поради споменатите тврдења.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …