Home Актуелно Терористички напад во центарот на Барселона

Терористички напад во центарот на Барселона

Неколку лица се повредени откако минибус удри во група луѓе во центарот на Барселона.

Инцидентот се случил во Ла Рамблас, главното шеталишто во главниот град на Каталонија.

Полицијата во Барселона соопшти дека во градот најверојатно е извршен терористички напад.

Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и оти две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со минибусот.

Според шпански медиуми, возачот на минибусот побегнал оставајќи го возилото. Полицијата го блокираше реонот, а на местото на инцидентот има осум амбулантни возила.

Луѓето од тој реон бегаат во паника, јави телевизијата ТВЕ.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…