Home Шоубизнис Тенисот оди на „стенд бај“: Серена се пофали дека е бремена

Тенисот оди на „стенд бај“: Серена се пофали дека е бремена

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс на својот профил на „Снепчат“, објави дека е бремена.

Серена Вилијамс, една од најуспешните тенисерки на сите времиња, која освои шест титули на последните десет Гренд Слем турнири, во 35 година од животот објави дека е бремена со своето прво дете.

Оваа вест таа ја објави преку мрежата „Снепчет“, а сликата ја нарече „20 недели“. Американката е во врска со основачот на „Ридит“, Алекс Оханијан.

Серена на почетокот на годината ја освои титулата на Аустралијан Опен што беше нејзина рекордна 23-та Гренд Слем титула.

Серена ја престигна Штефи Граф на вечната листа и се издвои на првото место според бројот на освоени Гренд Слем титули на четирите најголеми турнири во опен ерата, додека во генералниот поредок една титула повеќе има Маргарет Корт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …