Home Спорт Тенисер исфрлен од Ролан Гарос – сексуално ја вознемируваше новинарката

Тенисер исфрлен од Ролан Гарос – сексуално ја вознемируваше новинарката

Младиот француски тенисер Максим Хаму е протеран од Ролан Гарос поради сексуално вознемирување на новинарка додека таа имала пренос во живо.

Новинарката на Еуроспорт имала интервју со Хаму, кога тој најпрвин ја прегрнал, потоа се обидел неколку пати да ја бакне, а на крајот ја фатил за градите.

Челниците на Ролан Гарос поради овој инцидент му ја одземале акредитацијата и му забраниле пристап до комплексот во Булоњската шума.

„Неговото однесување беше примитивно и за жал ги рефлектираат односите помеѓу мажот и жената кои постојат во секојдневниот однос. Да не вршевме пренос во живо ќе го удрев“, рекла новинарката Мали Томас.

Хаму има 21 година, во моментов се наоѓа на 287 место на АТП листата, а во првото коло на Ролан Гарос загуби од Пабло Куевас со 6:3, 6:2, 6:4.

Тој од организаторите на турнирот, како талентиран и преспективен француски тенисер, доби специјална дозвола за настап, но по инцидентот веројатно никогаш нема да добие втора шанса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…