Home Спорт Тен Хаг избра нов лидер на теренот – еве кој ќе биде новиот капитен на „Црвените ѓаволи“

Тен Хаг избра нов лидер на теренот – еве кој ќе биде новиот капитен на „Црвените ѓаволи“

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг минатата недела и официјално беше промовиран за нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг ќе седне на кормилото ова лето и сигурно ќе направи многу промени во тимот, а целта секако ќе биде да го врати Јунајтед на победничките патеки.

Иако Холанѓанецот дури на лето ќе ја преземе функцијата, тој веќе почнал со работа и го избрал капитенот на следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг одлучил капитенската лента да му ја додели на Де Геа, кој игра уште една одлична сезона и има големо влијание во соблекувалната.

Во моментов капитен е Мегваер, но неговите чести киксирања во одбраната, придонесоа за несигурност кај навивачите, но дефанзивецот ја загуби и довербата кај соиграчите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…