Home Наука и техонологија Telegram надмина 500 милиони симнувања

Telegram надмина 500 милиони симнувања

Комуникациската апликација која доби голем број пофалби заради безбедноста надмина 500 милиони преземања од „Google Play Store“. Станува збор за апликацијата „Telegram“.

Ова достигнување е уште поимпресивно поради фактот дека Telegram“ не доаѓа однапред инсталиран на ниту еден Android телефон, како некој други апликации кои имаат иста намена.

Како што напишале на официјалниот блог пред десетина дека (кога одбележаа 400 милиони преземања), секој ден оваа апликација добива околу 1.5 милиони нови корисници.

Исто така, откриено е и дека во иднина ќе се работи на унапредување на видео повицина на „Telegram“, односно дека сакаат нивната апликација да биде безбедна и корисна доколку ви затреба да направите видео повик.

Со оглед дека „WhatsApp“ има голем број проблеми со приватноста во последно време, тешко дека популарноста на „Telegram“ ќе опадне во скоро време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…