Тажната приказна на Џерард – легендата пати од ретко пореметување!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Легендарниот англиски капитен и долгогодишен капитен на Ливерпул, Стивен Џерард пати од ретко пореметување.

Легедарната „осумка“ последната година настапуваше за Лос Анџелес во МЛС лигата, па пред неколку месеци се реши да стави крај на профсионалната кариера и ќе се врати во Ливерпул како тренер во младинската академија.

Интересно, покрај сличната фудбалска приказна, Џерард има уште нешто заедничко со Дејвид Бекам. Имено, двајцата патат од опсесивно – компулзивно пореметување. Бекам за тоа често зборува и во медиумите, додека проблемот на Џерард зборува неговата сопруга Алекс Куран.

„Толку е опседнат со чистота, што кога ќе го допре весникот, веднаш трча да го измие рацете“, изјави Куран за британските медиуми.

Борејќи се со ова пореметување, самиот Бекам за време додека играше за Реал, често станувал ноќе и го чистел тепихот во дневната соба.

„Го смукав тепихот дака да остануваа линии како на стадион. Викторија понекогаш знаеше да ме фати како смукам откако децата ќе заминат на спиење, а сите линии на тепихот мораа да бидат совршени“, раскажа Бекам во една прилика.

Овие двајца легендарни фудбалер ги одбележаа изминатите дваесетина година во англискиот фудбал. Со националниот тим не освоија големи трофеи додека на клупско ниво подигнаа многу важни пехари.