Тарантино и Star Trek? Сепак, изгледа не


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според она кое го изјави славниот режисер Квентин Тарантино за Deadline, тој веројатно нема да го режира следното продолжение на Star Trek.

Toj изјави дека Sony ќе го продуцира новиот „Star Trek“ филм чие сценарио го напиша Марк Л. Смит, но дека најверојатно тој нема да го режира.

„Верувам дека можеби ќе го направат тој филм, но мислам дека јас нема да го режирам. Мислам дека е тоа добра идеја. Би требало да го направат, а јас ќе бидам повеќе од среќен да им предложам одредени насоки кои можеби ќе им помогнат“, вели славниот режисер.

Ова воопшто не е изненадување бидејќи Тарантино минатиот месец на медиумите им даде до знаење дека полека го напушта овој проект. Тој истакна дека по ова прашање не се сретнал со претставници од Sony.

Неговиот филм „Once Upon А Time… in Hollywood“ доби 10 номинации за Оскари, меѓу нив се номинациите за Најдобар филм, Најдобар режисер, Најдобар актер и Најдобра споредна машка улога.

Тарантино има изјавено дека сака да направи барем уште еден филм во иднина.