Фалсификувана евро банкнота откриена во мавровско


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Полициско одделение Маврово, вчера во 18.40 часот Л.А.(43) од Центар Жупа пријавил дека на 11.01.2020, на бензинска пумпа во Маврови Анови, на едно лице му сменил банкнота од евра во денари.

Но при проверка на банкнотата во менувачница било констатирано дека е фалсификувана. Банкнотата е одземена за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.