Home Шоубизнис Тамара вечер ќе настапи осма во финалето на Евровизија

Тамара вечер ќе настапи осма во финалето на Евровизија

Македонската пејачка Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

Во финалето ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Пласман во финалето од втората полуфинална вечер обезбедија и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта, а од првата полуфинална вечер – Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Директен пласман во финалето покрај домаќинот Израел имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Прва на финалната вечер ќе настапи претставничката на Малта, Микела со песната „Chameleon“, а последен ќе настапи шпанскиот претставник Мики со песната „La Venda“.

Како специјален гостин на финалната вечер на 64.Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.

Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Македонија последен пат била финалист пред седум години кога Калиопи со песната „Црно и бело“ настапи во финалето на 57.Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …