Home Шоубизнис Тамара и нејзиниот евровизиски тим пречекани на скопскиот аеродром

Тамара и нејзиниот евровизиски тим пречекани на скопскиот аеродром

Тамара Тодевска и нејзиниот музички евровизиски тим околу полноќ беа пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје од страна на членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна. „Очекувавме повеќе , но среќна сум што ве направив горди”, изјави пејачката од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожаватели кои неколку часа чекаа да пристигне.

Поради силниот јужен ветар авионот со кој се враќаа тие доцнеше повеќе од три часа. Тамара се заблагодари и на своите фанови на фејсбук.

Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Илда Шаулиќ го одложи големиот концерт во Сава центар поради приватни причини

Илда Шаулиќ требаше на 26 ноември годинава да го одржи својот голем солистички концерт во …