Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со допис до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, првиот човек на Собранието, Талат Џафери, ги известил комисиските органи дека пратеникот Никола Груевски повеќе од шест месеци неоправдано отсуствува од работното место во собраниските клупи, со што може да се расправа за одземање на неговиот пратенички мандат.
Комисијата, според информациите од Собранието, ќе ја одржи седницата в понеделник.
Според Деловникот, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања од денот на добивање на известувањето од собранискиот спикер, има рок од 15 дена да поднесе предлог за одземање на мандатот.
По предлогот на Комисијата, Собранието води претрес на првата наредна седница, а за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Груевски „за“ треба да гласаат 80 пратеници.