Синчето вика од влезната врата: Мамо, дојди. Не можам сега. Ама дојди. Гледам серија и сега е најинтересното. Дојди тука и кажи ми што сакаш. Влегува детето во дневната: Мамо, згазнав лајно. Каде да ги соблечам патиките?
Синчето вика од влезната врата: Мамо, дојди. Не можам сега. Ама дојди. Гледам серија и сега е најинтересното. Дојди тука и кажи ми што сакаш. Влегува детето во дневната: Мамо, згазнав лајно. Каде да ги соблечам патиките?
Имаш ли некоја животна желба? Да. Да се оженам со млада девојка. Па имаш девојка, ожени се. Е да бее! Па да си останам без желба после.
Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија: Како се случи тоа? Тајна. Какви се вашите планови за во иднина? Да снесам јајце тешко шест килограми. Потоа репортерот го прашува петелот: Како се случи тоа? Тајна. Какви се вашите планови за во иднина? Да му ја скршам главата на нојот!
Шета Блажо по пазарот, и у една касапница приметил, свинска глава у излогот. Застанал, гледа, гледа, и наеднаш вика: Да бее, на Мара требаше фарба да и купам!
Јака девојка после секс со Џејмс Бонд го прашува фраерот: Која е најдобрата со која си имал секс? А Бонд одговара: Ти… СЕСТРА ТИ!
Таткото го советува синот: Синко, животот пред брак е како демо верзија на компјутерска програма. Уживаш додека можеш. А потоа, тато? прашува синот. Потоа се жениш, добиваш лиценца и се си плаќаш.
Трајанке, ќе се омажиш ли за мене? Трајчо, малку ли проблеми си имаш?
Починала некоја калуѓерка и оди кај Св. Петар. Тој го отвора тевтерот, запишува нешто и ја прашува: Што имаш сторено во животот? Доаѓам чиста. Не пушев, не пиев, не сум имала дечко и не знам што е тоа секс. Тогаш веднаш ќе добиеш крила. Супееер! Ќе станам ангелче! Ќе станам ангелче! Не, не. Ќе си останеш гуска!
Колку ви е правосмукалката? 12.000 денара. Аман бре! И гревови да не чисти?
Седи жена на заболекарски стол со отворена уста, а телефонот упорно и ѕвони. Докторот и поправа заб, а жената не може никако да се јави. Телефонот ѕвони ли ѕвони. Докторот се изнервирал и и го грабнал телефонот од рацете: Ало, не досадувај! Бргу ќе свршам, ќе плукне и ќе ти се јави.
Дваесет години – толку поминаа од разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит, а …