Ние, припадниците на човечкиот род, како актуелни домаќини на планетата Земја, годишно на светско ниво создаваме над две милијарди тони отпад кој волуменски може да наполни до рам 800.000 олимписки базени. Најмногу ѓубре по глава на жител произведуваат Американците, поточно трипати повеќе од останатите. Најчесто во ѓубре фрлаат пластика и храна, а кога станува збор за рециклирањето, Соединетите Држави заостануваат …