На денешното ново судско рочиште за случајот „Рекет“ повторно дојде до тензично префрлање помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Русковска. Јовановски денеска од Кривичниот суд побара да му биде укинат притворот. „Чесен суде, јас нема да го цитирам Гоце Делчев, како што некои што не се достојни го цитираа. Јас ќе завршам со една мисла од Иво Андриќ: ‘Доаѓаат …