Home Вебкафе Таа е најстариот хирург на светот: Има 89 години и уште оперира 4 дена неделно

Таа е најстариот хирург на светот: Има 89 години и уште оперира 4 дена неделно

Аља Илинична од рускиот град Рјазањ има 89 години и официјално е најстариот хирург на светот.

И по повеќе од 10.000 операции, оваа бабичка нема намера да се пензионира. Со медицина се занимава полни 67 години, од кои првите 30 ги поминала како дел од теренски тим лекари задолжени за поизолираните средини. Денес таа работи во локалната болница во Рјазањ во источна Русија и врши операции четири дена неделно.

„Да се биде доктор не е само работа, тоа е начин на живот. Ако јас престанам да работам, кој потоа ќе оперира?“, со насмевка вели Илинична.

Вели дека лек за бесмртност не успела да измисли, но очигледно има рецепт за долговечност.

„Јадам сè, многу се смеам и многу плачам“, вели Аља.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…