Home Шоубизнис Таа чоколадна убавица е нов идеал за женска убавина

Таа чоколадна убавица е нов идеал за женска убавина

Анголката Марија Боргес, една од омилените модели на Викторија Сикрет, стана нов идеал за убавина.

Имено, оваа убавица со темна кожа е новото заштитно лице на Лореал од Париз. Така и Боргес се приклучи на амбасадорките на Лореал како Ева Лонгорија, Блејк Лејвли, Џенифер Лопез, Доцен Крос и Лија Кебеде.

Боргес насловните страни ги освојуваше уште во 2015 година, кога стана прв модел кој некогаш одел на ревии на Викторија Сикрет со афро фризура, а носела и ревии на Шанел, Балмаин и Живанши, пренесува Elle.

– Верувам во убавината на различноста и во силната порака дека девојките кои почнуваат од дното можат да станат меѓународен симбол на убавина, да се биде жив доказ дека соновите се остваруваат, како и дека иднината е светла, вели Боргез.

Врвот на кариерата Боргез го доживеала во 2010 година, по победата во трката за Елит Модел Ангола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …