СЗО апелира: Уште не се познати долгорочните последици од КОВИД-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потенцијалните долгорочни последици од „ковида- 19“ сè уште не се познати, истакна директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, за време на брифингот одржан во Женева, собено кога станува збор за децата кои се опоравиле од оваа болест.

„Знаеме дека децата и адолесцентите можат да бидат заразени и да заразуваат други. Знаеме дека овој вирус може да доведе до смртни последици кај децата, но дека децата обично имаат поблага форма на инфекција и дека има многу малку сериозни случаи и смртни случаи меѓу деца адолесценти“,рече Гебрејезус. „Податоците со кои располагаме покажуваат дека помалку од десет проценти од регистрираните случаи и помалку од 0,2 проценти од смртните случаи се евидентирани кај лица помлади од 20 години.

Директорот на СЗО рече дека се потребни повеќе истражувања за факторите што го зголемуваат ризикот од развој на сериозни форми на ковид-19 и смртните последици на болеста кај децата и адолесцентите. Тој посочи дека потенцијалните долгорочни последици по здравјето на оние кои биле заразени со вирусот сè уште не се познати.

Иако децата генерално не страдаат од сериозни форми, тие страдаат на поинаков начин, рече Гебрејезус. Во многу земји, работата на некои основни услуги, како што се објекти за вакцинација, беше нарушена за време на пандемијата, додека милиони деца ширум светот не одат со месеци на училиште, објасни директорот на СЗО.

Поради катастрофалните последици врз децата, младите и општеството како целина, одлуката за затворање на училиштата треба да биде последната опција, рече Гебрејезус. Доколку властите донесат таква одлука, таа треба да биде привремена и да се воведе на локално ниво, во оние области каде што се заразени голем број луѓе, посочи тој.

Безбедноста на децата во училиштата не е само задача на училиштата, владите или семејствата, таа е задача на сите нас, подвлече Гебрејезус.