Светските разузнавачки служби тврдат: Путин се спрема за долга војна во Украина која може да ја прошири и во Молдавија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите кои ги пласираат светските разузнавачки служби, претседателот на Русија, Владимир Путин, се подготвува за долга војна во Украина.

САД предупредуваат дека руска победа во источниот регион Донбас можеби нема да биде крај на нападите. Директорката на Националното разузнавање Аврил Хејнс на сослушување во Сенатот кажа дека следните неколку месеци може да донесат ескалација од руската страна, која може да стане понепредвидлива.

„Актуелниот тренд ја зголемува можноста претседателот Путин да се сврти кон подрастични мерки“, вели Хејнс.

Таа предупреди дека Русија можеби ќе се обиде да создаде копнен коридор до молдавската територија Приднестровје и додаде дека Путин можеби ќе воведе вонредна состојба во земјата. Според Хејнс, Путин се надева дека решителноста на САД и европските сојузници ќе ослабе со текот на времето.

Но, таа смета дека Кремљ би одобрил употреба на нуклеарно оружје само во случај на егзистенцијална закана по Русија.