Светска банка со инвестиција „тешка“ 33,4 милиони долари за изградба на градинки во земјава


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера откри дека на почетокот јули владата ќе почне преговори со банката, која имала интерес да го финансира проектот за изградба на детски градинки низ нашата држава кои моментално се во дефицит. Експерти од светска банка веќе ги оценуваат можностите на проектот во министерството за труд.

„Светската банка има интерес да го финансира овој проект и подобрување на социјалните услови. Очекуваме на почетокот на јули да се почнат преговори со банката за одобрување на сретства од бордот во септември, а до крајот на годината да се потпише договорот и ќе се овозможи со тие сретства општините да добиваат грант сретства за изградба на градинките.“ – изјави Драган Тевдовски – министер за финансии.

Тевдовски вети дека вработените во градинките од септември ќе земаат пет проценти повисоки плати. Заедно со министерката за труд, Мила Царовска, тој денеска ја отвори првата градинка во руралната општина Чашка. Главната цел е за 50 проценти да се зголеми опфатот на деца во предучилишна возраст, вели Царовска. Градоначалникот на оваа општина Чашка смета дека една градинка е премалку за регионот кој го раководи.

„Се надеваме дека со поддршката во наредниот период ќе сео творат и повеќе градинки во селата Горно и Долно Јаболчиште и размислуваме во селото Извор.“ – изјави Горан Стојановски – градоначалник на општина Чашка.

Новата градинка во Чашка има капацитет за 50 деца, а во моментов во неа се згрижени 27 деца.