Home Актуелно Судот со барање да се распише потерница по бегалецот Игор Спасов

Судот со барање да се распише потерница по бегалецот Игор Спасов

Откако полициските служби не успеаја да го лоцираат и пронајдат во неговиот роден град Штип избеганиот убиец на Мартин Нешковски, после неговото невраќање во затворот во Идризово, судот бара да биде распишана потерница по Игор Спасов.

Минатиов викенд, тамошната полиција го барала на различни локации каде според сознанијата на МВР можел да престојува, но неуспешно завршила дводневната потрага. Полицијата денеска го известила судот дека побегнатиот затвореник не е на територијата на општина Штип па е побарано потргата по Спасов да се прошири на територија на целата држава.

Од август лани Спасов не е во затвор. Судот во Штип одобрил да биде на слобода до октомври годинава, период кој требал да го користи за лекување. Прекинот на затворската казна траел до минатиот петок, по што Спасов морал да се врати зад решетки. Откако неговото легло во затворската ќелија останало празно, управата на Идризово го алармирала судот во Штип и Управата за извршување санкции.

Од судот во Штип појаснуваат дека со нивна дозвола и претходно Спасов го напуштал Идризово. Отпустот го користел за лекување ама се враќал на отслужување на казната.

Игор Спасов е зад решетки од 2011-та. Беше осуден на 14 години затвор заради убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…