Home Актуелно Судот пресуди: Парични казни за директорите на Маџар Телеком за давање мито на македонски политичари

Судот пресуди: Парични казни за директорите на Маџар Телеком за давање мито на македонски политичари

Елег Штрауб и Андрас Балог, директори од Маџар Телеком, ќе платат парични казни од 250,000 (Штрауб), односно 150.000 долари (Балог) и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави Американската комисија за хартии од вредност, пишува Нова ТВ.

Директорите од Маџар Телеком беа обвинети за предводење на тајните договори со премиер и други лица од Македонија со цел да ја спречат конкуренцијата на пазарот, изјави Стефани Авакиан, извршен директор на Одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност.

Таа кажа дека во февруари годинава третиот директор направил спогодба со судот и платил казна од 60.000 долари со што го признал делото дека фалсификувал книги на компанијата во врска со шемата за плаќање мито на македонски политичари.

Претходно, во првиот процес којшто се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата Маџар Телеком плати 95 милиони долари казни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…