Home Актуелно Суд во самопрогласената НР Доњецк осуди на смрт тројца платеници кои се бореа за украинската страна

Суд во самопрогласената НР Доњецк осуди на смрт тројца платеници кои се бореа за украинската страна

Суд во самопрогласената Народна Република Доњецк вчера осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина.

Судот ги прогласи за виновни Ејден Ајслин, Шон Пинер и Саудун Брахим, кои претходно беа заробени во источна Украина.

Тие беа осудени за дејствување со цел насилна промена на власта и тероризам.

Имаат рок од еден месец да поднесат жалба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…