Студено утро и сончев ден


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска утрото во Македонија ќе биде студено, по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а пеку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево и магливо со мала до умерена облачност и дневна температура до 7 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 9, Битола 8, Крива Паланка 10, Берово 7, Кавадарци 9, Дојран 12.

Утре наутро по одделни котлини, oсобено на југозапад ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 14 степени.