Home Актуелно Студено и стабилно време во првиот понеделник од 2017

Студено и стабилно време во првиот понеделник од 2017

Во понеделник и во вторник изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а дневната температура ќе биде во благ пораст.

Утринските температури ќе се движат од минус 12 до минус 2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус 8 и дневна до 5 степени.

Во вторник попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и снег. Потоа позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен а повремено силен северен ветер, ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…