Студен и облачен вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, вторник, четврти април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската тремпература ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од еден до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до седум степени. Маврово 1, Охрид и Битола 6, Крива Паланка и Берово 5, Кавадарци 8, Дојран 10.

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од среда до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула.