Home Вебкафе GigaBier – пиво од Tesla „создадено за киборзи, направено од луѓе“, со вртоглава цена

GigaBier – пиво од Tesla „создадено за киборзи, направено од луѓе“, со вртоглава цена

Ограничената серија на пиво наречено GigaBier се произведува во Германија, а доаѓа во кутија со три стилски и префинети шишиња од 333 мл (0.33 л.). Значи, пакувањето содржи вкупно околу литар пиво со 5% алкохол, кое е „варено за киборзи, направено од луѓе“, а кое се нуди по цена од 89 евра.

На почетокот веќе е јасно дека дизајнот на шишињата во голема мера се потпира на „Cybertruck“, што е наведено во описот на пивото. Тие се повикуваат на 500-годишната традиција на германскиот закон за чистота на пивото (Reinheitsgebot). Да потсетиме дека Тесла го најави своето пиво уште во 2021 година, кога Илон Маск најави производство на пиво, но и изградба на железничка станица во рамките на компанијата.

Тесла не е единствениот производител кој се обидел во индустријата за пијалоци и храна. На пример, Фолксваген ги произведува своите колбаси 1973 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трендови во велнес патувања: Искусувања кои фундаментално го менуваат нашето тело, ум и начин на живот

“`html Патувањата во 2026 година повеќе не значат „заминувам да одморам малку“. Не, …