Шерон Стоун заработила „трошки“ за улогата во „Ниски страсти“ во споредба со заработката на Мајкл Даглас


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Холивудската актерска ѕвезда Шерон Стоун откри колкава била нејзината заработка за улогата во филмот кој ја лансираше на светската сцена.

-За „Ниски страсти“ заработив 13,5 мил. помалку од мојот колега во филмот, актерот Мајкл Даглас.

Шерон Стоун откри- Тоа понижување ме следеше со години!

Актерката Шерон Стоун си ја отвори душата и откри дека во филмот „Ниски страсти“ била драстично помалку платена од Мајкл Даглас, но и сериозно омаловажувана.

Откако во говорот пред Женскиот фонд за истражување на ракот откри дека веројатно изгубила половина од парите поради пропаѓањето на банката во Силиконската долина, Шерон Стоун откри и дека била оштетена од „Ниски страсти“, филмот од 1992 година што ја катапултирал до холивудските височини.

Имено, на 43-тото доделување на „Muse“ наградите во Њујорк за жени во филмот и телевизијата, Шерон изјави дека заработила само 500.000 американски долари за секс-трилерот во режија на Пол Верховен.

„Само“, бидејќи се спореди со колегата Мајкл Даглас, кој исто како неа ја имаше главната улога во тој хит.

– Мајкл Даглас заработи 14 милиони долари. Јас бев нова, а тој многу голема ѕвезда – им рече на насобраните гости, главно жени од светот на филмот и телевизијата, поранешната секс бомба на филмското платно, атрактивната Шерон Стоун.

Стоун објасни и како се соочила со омаловажување од извршниот продуцент на проектот, кој погрешно ја нарекувал Карен за време на снимањето.

– Дури и на Гувернерскиот бал по Оскарите, сепак ме викаше ‘Карен’! И тоа понижување го носев многу длабоко во себе – изјавила таа.