Home Актуелно Стручната комисија за случајот Веапоска: Велат дека немало лекарска грешка – органите биле извадени поради крварење и хематом

Стручната комисија за случајот Веапоска: Велат дека немало лекарска грешка – органите биле извадени поради крварење и хематом

Стручниот надзор од страна на Министерството за здравство во болницата во Струга во врска со случајот на родилката Јилдиз Веапоска заврши, а со тоа истиот е пред самиот епилог.

Како што дознава „Слободен печат“, единствена недоследност во нејзиниот случај е грешката со полот на бебето, кое било заведено како машко, а Веапоска родила девојче.

Поради проблеми и болки кои се јавиле по породувањето, таа морала да биде повторно оперирана. При отварање на абдоменот, констатирано е крварење околу репродуктивната регија и бубрезите. Како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…