Home Вебкафе Стравично: Поради еден „бакнеж“ од своето куче заврши со ампутирани дланки и нозе

Стравично: Поради еден „бакнеж“ од своето куче заврши со ампутирани дланки и нозе

Мари Трејнер, Американка од сојузната држава Охајо, доживеа вистински хорор веднаш откако се вратила од семеен одмор во својот дом. По враќањето од семејното патување, таа добила „бакнеж“ од нивниот домашен миленик, куче од расата германски овчар.

Веднаш по лизнувањето од нивниот миленик, Мари добила главоболка и болки во грбот , како и висока температура. Се онесвестила , и кога се вратила во реалноста видела дека нема нозе и дланки.

Во болницата морале да и ампутираат голем дел од нозете до колената , како и дланките, бидејќи Мари добила тешка инфекција од кучето Тајлор, кое ја лизнало на некоја мала гребнатинка на лицето.

Треинер добила реткаинфекција од бактеријата Capnocytophaga canimorsus . Докторката Маргарет Коуб од болницата Каунтон во Охајо, вели дека Мари била примена во бунило на интензивна нега.

Набргу потоа изгубила свест, а кожата и станала модро – црвена. Потоа добила гангрена и крвни згрушувања. Инфекцијата се проширила на носот, ушите, нозете , рацете и лицето. Докторката вели дека деловите од лицето ги спасиле, но морале да и ги ампутираат нозете и рацете.

Mари, од враќањето од одмор во мај до сега е оперирана осум пати, а докторите сега работат на прилагодување на нејзините протези.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2: Дали мистеријата на филмот е веќе минато?

ЃАВОТ НОСИ ПРАДА 2: ДАЛИ ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ СТАНА СОПСТВЕНОТО МИНАТО? Најавата дека се сним…